Дел од јавноста во Англија веќе почна да ги отпишува постарите играчи на Манчестер Сити, оние со +30 години, но Пеп Гвардила има јасен план со нив за наредната кампања.
-Има играчи кои имаат над 30 години, но тие се дел од иднината на овој клуб. Освен Кевин, а Кевин и клубот ќе одлучуваат за неговата иднина, секој што има договор за следната сезона, очекувам да биде тука.
-Тие ќе ни помогнат. Следната сезона ќе има многу натпревари. Не можеме да го направиме тоа само со нашите нови. Тие ќе можат да помогнат и да бидат дел од нашата сезона, -порача Пеп пред соочувањето со Плимут во ФА Купот.