Шпанскиот голман самоуверен: Специјалист сум за пенали!

Шпанскиот репрезентативен голман, Унаи Симон има голема самодоверба откако го одбрани четвртиот пенал на Европските првенства (ЕП). На мечот против Хрватска тој го „прочита“ Бруно Петковиќ по што, во пресрет на вечерашниот дуел со Италија, вели дека има посебен пристап кон бранењето пенали.

– Секогаш знам на која страна ќе се фрлам, но во прашање е и среќа околу тоа дали добро сум ги проучил изведувачите на пенали или не. Од друга страна, нивните шанси за постигнување гол стануваат помали доколку изберат да шутираат во истиот агол.

Ако шутираат на другата страна, тогаш секоја чест за нив, Но, ако двајцата одбереме иста страна, тогаш тој нема шанси да постигне гол, самоуверен е голманот на „фуријата“.

Унаи Симон има четири одбранети пенали во ЕП со што се изедначи со друга легенда, Италијанецот Џанлуиџи Буфон.

 

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО