Лина Ѓорческа не успеа да го скокне првото коло на ИТФ фјучрсот во Анталија.
Македонската тенисерка денеска загуби во два сета од Александра Шубладзе.
Русинката го доби првиот сет со 6-2 додека во вториот славеше со 6-3.
Бидејќи огранизаторот во Турција се соочи со лоши временски услови и обилен дожд,
мораше драстично да го промени распоредот. Затоа мечот на Ѓорческа беше пролонгиран
за цели два дена.