Ѓорческа елиминирана во првото коло од квалификациите на Ролан Гарос 

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа го заврши настапот во квалификациите на Ролан Гарос уште во првото коло откако загуби од домашната тенисерка, Маро Рувруа. И покрај тоа што Ѓорческа влезе во овој дуел подобро, сепак не успеа да слави против Французинката која триумфира со 2:1, во сетови 2:6, 7:5 и 3:6 во мечот што траеше 2,12 часа.

Со ова заврши сонот на Ѓорческа дека ќе се пласира на главниот турнир на грен слем турнирот на Ролан Гарос во Париз.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО