Ѓорче Петров е прв финалист во женскиот дел од Купот на Македонија

Ракометарките на Ѓорче Петров се први финалистки во Купот на Македонија. Во првото женско полуфинале, ѓорчепетровки попладнево во СЦ „Борис Трајковски“ славеа убедлива победа над Куманово со 31:14.

Уште во првиот дел шампионот направи висока предност од шест гола (11:5), а во вториот дел ја искористи свежината во својот ростер и на крајот дојде до убедлива победа.

Марија Јанкуловска, Емилијана Ризоска, Анастасија Николовска, Милица Николиќ и Талида Алмеида постигнаа по 4 гола во составот на Ѓорче Петрив, додека кај Куманово Зечевиќ заврши со 5 гола.

Утре во 17 часот се игра и второто женско полуфинале во кое силите ќе ги одмерат Вардар и Чаир.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО