Голем удар за Македонија пред мечот со Швајцарија: Без капитенот Митревски

На неполн част пред мечот со Швајцарија пристигна лоша вест од Германија, а истата ја пренесе РФМ.

-Македонската ракометна репрезентација на натпреварот против Швајцарија ќе настапи без капитенот, Никола Митревски.

Нашиот голман беше на прегледи, снимките од магнетната резонанца, покажаа дека станува збор за повреда на бутниот мускул и квадрицепс на две места.Никола ти посакуваме брзо враќање на терен, порачаа од нашата федерација на социјалните мрежи.

Па така денес голот на Македонија ќе го брани Томовски и Кизиќ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО