Болоња ја исплати целосната сума на пари кои според договорот со Синиша Михајловиќ требаше да му ги исплатат на српскиот стратег, но поради неговата смрт, тоа остана „ад-акта“.
Михајловиќ почина на 16 декември 2022 година, по долга и тешка борба со подлата болест, па Болоња мораше да најде алтернативен тренер, но не го заборави она што беше договорено со српскиот тренер.
– Болоња ја уплати и последната плата на мојот сопруг до последниот ден од договорот кој го имаше Синиша до јуни 2023 година. Тоа е неверојатен гест кој ми дава сигурност во деновите на конфузија. Никој од луѓето од клубот не не заборави, тоа е посебен клуб во еден посебен град, порача Аријана за медиумите.
Михајловиќ ја водеше Болоња прво во 2008 година, до 2009-та, а во вториот мандат повторно од 2019 година, забележа 131 настап на клупата. Измеѓу останатото, беше тренер и на Фиорентина, Сампдорија, Милан и Торино.