Вест хем без четворица клучни фудбалери, се повреди и Мавропанос

По синоќешниот пораз од Баер Леверкузен со 0:2 во Лига Европа (ЛЕ), англискиот Премиерлигаш, Вест Хем има и нови проблеми. Дефанзивецот Константинос Мавропанос посериозно се повреда и извесно време ќе отсуствува од терените.

Менаџерот на „чеканите„ Дејвид Мојс потврди дека Мавропанос добил удар и бил принуден да го напушти натпреварот, што значи дека тој им се приклучува на се’ подолгата листа повредени играчи, на која се и клучните играчи како Џерод Боувен и Алфонс Ареола

Згора на тоа Лукас Пакета и Емерсон Палмиери нема да настапат за реваншот со Баер поради суспензија, откако го добија третиот жолт картон во натпреварувањето.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО