Каде ја утнаа во Јунајтед: Тен Хаг има теорија дека заслужиле да победат

Во пресметката на некогаш двете силни екипи од Премиерлигата, Челси и Манчестер Јунајтед, гледавме неверојатен фудбал и многу голови, а од сето тоа како победник излезе Челси.

Домаќините иако први поведоа со 1:0, Јунајтед успеа да направи комплетен пресврт во вториот дел на 2:0, а во самиот финиш Палмарсон се погрижи на „Стемфорд Бриџ“ да има ерупција од радост.

Прво постигна во 97. минута гол за изедначување 3:3, па кога сите мислеа дека тука е крајот, следната акција, по еден изведен корнер, истиот играч шутира кон голот, топката несреќено се одбива од Мектомини и завршува во мрежата на Јунајтед за победа на домашните која знаеа како да ја прослават.

Тренерот на Манчестер Јунајтед е прилично лут на своите, бидејки потенцира дека што и да направат на терен, на крајот не знаат тоа да го финишираат во вистински правец.

– Што да кажам по ваков натпревар, доминиравме, а успеавме да загубиме. Искрено кажано, заслуживме победа на овој натпревар, бевме брилијантни на моменти. Но премногу место им отстапивме за игра, не смееме тоа да го правиме, премногу лесно се предадовме.

– Сега најлесно би било да вперам прст кон некој играч, но треба да се носите со вакви резултати како тим, носевме многу погрешни одлуки во финишот. Не би рекол дека ни недостасува концентрација, едноставно пресврт беше и пенал ситуацијата, која беше дискутабилна, на крајот загубивме, порача Тен Хаг.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО