Гневот е минато: Бонучи го повлече обвинението против Јувентус

Фудбалскиот клуб Јувентус соопшти дека нивниот поранешен играч Леонардо Бонучи, го повлекол обвинението кое го подигна против „старата дама“.

Бонучи беше лут на клубот поради третманот на кој бил изложен, затоа што не му било дозволено да тренира со соиграчите а по одлука на тренерот на екипата, па од таму тој се води кон правна разврска со „старата дама“. Но сега тоа е апсолвирано.

Тогаш тој и најави дека ќе поднесе обвинение против Јувентус а истото беше дочекано како шок во редовите на „старата дама“.

– Леонардо Бонучи сега го повлече обвинението кон Јувентус за нарушување на неговиот углед. Овој спор е решен без финансиски последици. Јувентус и Лео Бонучи се задоволни од епилогот на ова недоумица, со тоа што останаа неизвалкани сите победнички моменти заедно, порачаа од Јувентус.

Бонучи за Јувентус одигра 502 натпревари во кои постигна 36 погодоци.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО