Германците бесни на Турците: „Неодговорно и нееколошко однесување“!

Со драматичната победа над Чешка (2:1) во последните минути од последниот меч во групата, Турција се пласираше во осминафиналето на ЕП во кое ќе игра против Австрија.

Но, во истовреме ги налутија домаќините на ЕП. Причината за тоа е што Турците со авион отпатувале од кампот во Хановер до Хамбург, каде се играл натпреварот, иако двата града се оддалечени само 132 километри.

За Германците тоа е неодговорно и нееколошко однесување. Споменатата рута можела да се мине побрзо и со поголема грижа за животната средина, со автобус или со воз.

Германците се лутат заради ова бидејќи УЕФА го промовира актуелното ЕП како еколошки најодржливо првенство во историјата.„Сосема бесмислено и непотребно“, беше коментарот на Вернер Рех од германската федерација за заштита на животната средина и природата.

Во ист тон е и реакцијата на Рене Шварц од граѓанската иницијатива за намалување на аерозагадувањето во Хамбург и Шлезвиг-Холштајн.

– Хамбург не дозволува ниту електрични автомобили да возат до стадионот, а потоа Турците го прават ова. Тоа е апсолутно неприфатливо. Во Хамбург навивачите користат јавен превоз да стигнат до стадионот, а турската репрезентација потоа патува толку кратко растојание со авион, рече Шварц

Шефот на турнирот, Мартин Кален, коментира: „Речиси сите патувања на тимовите на ЕП се со автобус или со воз бидејќи камповите им се блиску до местата на играње на мечевите. Турција долета таму поради безбедносни причини, како и поради недостигот од време потребно за патувањето, но потоа се врати со автобус“.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО