Германија следната сезона би можела да има шест клуба во ЛШ

Германија би можела да има шест претставници во следната сезона од Лигата на шампиони (ЛШ), потврди УЕФА. Во историјата на најелитното клупско фудбалско натпреварување не се случило една земја да има шест тима, претставници.

Таков расплет би се случил доколку Борусија Дортмунд триумфира годинава во ЛШ, и да не биде меѓу четирите најдобри екипи во Бундеслигата, и доколку Германија добие едно од двете дополнителни места што ќе им бидат доделени на најуспешните земји во УЕФА рангирањето.

Борусија со елиминацијата на Атлетико Мадрид се пласира во полуфиналето на ЛШ во кое ќе игра против ПСЖ. Тимот од Дортмунд моментално е на петтото место во Бундеслигата, но е израмнет според бодовите (56) со четвртопласираниот Лајпциг.

Во следната сезона ЛШ, од сегашните 32 ќе се прошири на 36 клуба во првиот, лигашки дел од натпреварувањето, со тоа што двете најуспешни нации ќе добијат по две дополнителни места.

Во подобрувањето на германскиот коефициент може да помогне и Баерн, доколку го совлада Арсенал и се пласира во полуфиналето од ЛШ, како и новиот германски шампион Баер Леверкузен, кој се бори за пласман во полуфиналето на Лига Европа (ЛЕ) со лондонски Вест хем.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО