Познатиот поранешен кошаркар и тренер, Србинот Зоран Мока Славниќ крена голема прашина во врска со одбележувањето на 60-от роденден на Дражен Петровиќ што ќе се организира на 5 септември во Загреб. Славниќ се налутил затоа што смета дека не бил повикан на тој спектакл.
Набргу по интервјуто на Славниќ од пред неколку дена за српскиот „Курир“, зборуваше и Александар Петровиќ, братот на Дражен и еден од организаторите на спектаклот во Загреб. Петровиќ открива дека Мока реагирал пребрзо и обајснува оти поканите се’ уште не се испратени до сите поради проблемите во организацијата.
– Исклучително ми е жал што мојот пријател, и човекот кој го „откри“ Дражен, излезе со вакво интервју во врска со натпреварот, бидејќи тој, заедно со Владе Ѓуровиќ, Богдан Тањевиќ, Жељко Павличевиќ, Лоло Саинц е еден од нашите најважни ВИП гости.
Пред испраќањето на поканите, потребно е прво да се комплетира буџетот, да се резервира Арената и хотелот за минимум 150 ВИП гости и многу други работи. Значи поканите ќе се праќаат во следните неколку дена, и се надеваме дека и Мока ќе ја прифати, напиша Петровиќ на Х.
„Курир“ потоа повторно побара коментар од Славниќ, кој уште пожестоко го нападна Петровиќ.
– Моето интервју за „Курир“ беше многу читано во Хрватска и во Србија. Телефонот ми се „вжешти“ во неделата, така е до денеска. Да ви ја кажам вистината за паметувањето на Ацо Петровиќ и за тоа што сега сака да се „испере“.
Ги имам неговите пораки во телефонот и ги чувам. Во понеделникот во 18.39 часот добив порака од него со следнава содржина: „Син ми ти испрати порака да му го испратиш твојот мејл за да добиеш официјална покана“. Му одговарам: „Благодарам, доцниш, не сум лут. Опуштено“.
Ацо натаму пишува: „Опуштен сум, но ми треба твојот мејл“, вели Мока и додава: „Би било природно и нормално Ацо да каже: „Извини Моко! Заборавив.. Било што… Па тоа да го прифатам, не вака“. Познат е мојот однос со Дражен. Тоа го знаат сите, и во Србија и во Хрватска. Без нервоза. Одиме натаму“.
Славниќ делува дека е многу повреден од Петровиќ.
– Што него го изненади? Дали навредив некого со тоа што го кажав? Зошто не негираше? Беше таа конференција, спомна многу работи, но мене не ме спомна. Само одговорив после тоа. Затоа и саркастично реков дека Дражен никогаш не сум го сретнал.
Петровиќ во својата објава истакна дека смета на доаѓањето на Славниќ во Загреб.
– Гледам сега дека набројува некои… Каква врска имаат тие луѓе со мене? Имав око да видам колку вреди Дражен и сега сум во ист кош со тие што ги набројува Ацо. Не е баш така. По интервјуто што го прочита во „Курир“, сега му се с**** кај нас и во Хрватска. Нема причина да се мие после се’.
Како што бев заборавен во книгата на Дражен, заборавен сум и сега. Се’ е во ред. Исклучително сум среќен и задоволен, затоа што многу луѓе се з****** и згрешиле, а јас сум чист како солза.
Мока не застана тука. „ Која е финтата овде? Тој е создаден да прави с**** поради неговата препотенција, а што ќе се случи ако јас бидам во публиката? Ако луѓето ме препознаат и јас станам и ги поздравам?
Сето ова е минорно. Во целата приказна централна фигура мора да биде Дражен, а не кој ќе дојде на тој меч. Очекувам сега да се јави мајка му Бисерка и Ацо да го вади од неговите с****, како и секогаш.
Iznimno mi je žao da je moj prijatelj,i čovjek koji je otkrio Dražena, izašao sa ovakvim intervjuom vezano za Draženovu utakmicu, jer je upravo on, zajedno sa Đurovićem, Tanjevićem, Halilovićem, Pinom, Pavličevićem, Lolom Sainzom jedan od naših najvažnjh VIP gostiju🙏🏀 pic.twitter.com/0bUWJDy3XO
— Aleksandar Petrović (@petrov_aco) April 16, 2024