Фудбалерот на Лил доживеа срцев удар – од клубот шокирани поради медиумите

Фудбалерот на Лил, Набил Бенталеб, доживеа срцев удар, по што беше итно опериран.

На фудбалерот му е вграден пејсмејкер, моментално е во болница, а француските медиуми јавуваат дека тој во моментот е во вештачка, индуцирана кома.

Набил доживеал срцев застој, при интервенцијата е користен дефибрилатор, а операцијата морала да се изврши поради тежината на ситуацијата.

По тој повод се огласи и неговиот клуб за ситуацијата:

– Поддршка за Набил Бенталеб и неговите најблиски. Лил е шокиран и изненаден што ваквите ситуации излегоа многу бргу во јавноста, соопштија од Лил.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО