Швајцарците имаа „лудо“ барање до организаторот

Репрезентацијата на Швајцарија побара да се затвори палубата за набљудување на 217-метарската телевизиска кула лоцирана во Штутгарт.

Швајцарците на тој начин сакаат да се спречат претставниците на италијанската репрезентација да го шпионираат нивниот тренинг.

Според –„Скај Италија“, од кулата целосно се гледа тренинг базата на швајцарската репрезентација. Натпреварот од 1 /8 финалето на ЕП меѓу Италија и Швајцарија ќе се одигра утре од 18.00 часот на Олимпискиот стадион во Берлин.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО