Фудбалерот на Бордо е во кома: На полувреме бевме скршени, ни беше јавено..

Тренерот на Бордо, Алберт Риера, се огласи по повод страшната сцена од натпреварот Бордо – Гингамп (1:0), во втората француска лига, кога е тешко повреден фудбалерот Алберт Елис.

Елис заработи жесток удар во глава присудар со дефанзивецот на противникот Донати Гонис, по што мораше веднаш да биде хоспитализиран и пренесен во болница.

Според изјавите на присутните, тој и покрај сериозните повреди првично бил свесен, но лекарите го ставиле во вештачка кома поради неговата агитација во тие моменти.

– Моите први зборови ќе бидат за Алберто. Зборувавме со лекарот и се уште не можат ништо да ни потврдат. Во болница е и тоа е се што може да кажеме, оваа победа му ја посветуваме нему.

Швеѓанецот Карл Јохан, односно голманот на Бордо беше единствениот фудбалер кој се појави пред медиумите и го опиша моментот и колку му е тешко да се избори со тоа што се случи на почетокот од мечот.

– По прв пат во кариерата ми се случи такво нешто, навистина е тешко, на полувреме имав солзи на лицето, на полувреме ни беше јавено дека е буден, но не знаеме ништо повеќе, искоментира Јохан Јонсон.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО