Јувентус не може да се договори за нов договор со Адриен Рабио

Јувентус и понатаму е во преговори за потпишување на нов договор со дефанзивниот играч за врска Адриен Рабио, пренесува „Кориере дело Спорт“.

Според изворот, клубот не може да се договори со играчот од средниот ред за неговата плата. Раководството на Јувентус му нуди на Рабио плата од 7 милиони евра за три години од новиот договор, додека преставниците на играчот инсистираат Јувентус да ја зголеми понудата на најмалку 8 милиони евра, посочувајќи дека Рабио има понуди од клубови во Англија.

Претходно беше објавено дека Јувентус сака да го задржи Адриен Рабио на иницијатива на можниот нов тренер на торинскиот тим Тиаго Мота.

Да потсетиме, 29-годишниот Рабио во Јувентус настапува од 2019 година. Во овој период на сите турнири учествуваше на 212 натпревари на кои постигна 24 гола и 15 асистенции. Неговиот актуелен договор со италијанскиот клуб е до летото оваа година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО