Центарот на Далас маверикс, Даниел Гафорд се доближи до неверојатниот НБА рекорд на легендарниот Вилт Чембрлен, погодувајќи ги сите пет шута од поле во победата над Голден Стејт вориорс, 109:99.
За него тоа се 33 успешни шута по ред, само два помалку од Чембрлен во 1960-те, на петтиот натпревар во низа.
Гафорд последен пат промаши на 3 март на мечот против Филаделфија. Потоа ги погоди сите седум обиди против Индијана, петте против Мајами, седумте против Детроит, деветте против Чикаго и сега петте против Вориорс.
Него му се потребни уште три прецизни шута за да го собори рекордот на Чембрлен, а шансата ќе ја има вечерва во Оклахома Сити.
Ова и не е толку шокантно ако се знае дека сите негови обиди беа за два поена, повеќето од забивања и положување, односно со удари блиску до обрачот. Но сепак, никој не успеал да забележи ваква серија повеќе од половина век.
Гафорд (25) ја игра петтата сезона во НБА. Кариерата ја почна во Чикаго, ја продолжи во Вашингтон, од каде што на последниот ден од преодниот рок пристигна во Далас.
На 14 натпревари за Маверикс, тој имаше просек од 10,6 поени и седум скока по натпревар, со 78 отсто шут од поле.
Most Consecutive Games with
5+ FGM on 100% FG:5 — Daniel Gafford (Active Streak)
3 — Mitchell Robinson
3 — Mark WestGafford has made 33 straight shots!
(2 away from the record by Wilt with 35)#MFFL pic.twitter.com/yoNXVKZABm— Hoop Muse (@HoopMuse) March 14, 2024