Лига на конференции: Ако Динамо се пласира во финалето тоа нема да се игра во Грција!

Новиот претседател на Динамо Загреб, Велимир Зајец за грчката телевизија ЕРТ3 изјави дека е можна промена на местото и градот домаќин на финалето во Лигата на конференции (ЛК), доколку Динамо стигне дотаму.

Финалето би требало да се игра на новиот стадион на АЕК во Атина, на 29 мај. Но поради дивеењето на навивачитe на Динамо во август минатата година, и смртта на еден навивач на АЕК, како и забраната да патуваат во Грција, можно е да дојде до промена.

– Се надевам дека ќе стигнеме до финалето. Доколку тоа се случи, ќе биде многу тешко да се организира во Атина, па финалето ќе се игра во Чешка, изјави Зајец пред вечерашниот натпревар против ПАОК во кој „модрите“ ја бранат предноста од 2:0.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО