(ФОТО) Детонит Плачковица се спрема за ПМФЛ: Отпочнаа работи за реконструкција на стадионот

Покрај спортските активности ФК Детонит Плачковица во соработка со главниот спонзор Детонит, Општина Радовиш и ФФМ работи и на подобрување на спортската инфраструктура.

Продолжува изградбата на помошниот терен со вештачка трева. Активно се работи на нивелација на теренот и поставувањето на дренажни цевки.

Истата фирма која го гради помошниот терен по завршувањето на истиот ќе продолжи со изградба и реконструкција на главниот терен на фудбалскиот стадион во Радовиш.

На теренот ќе биде поставена нова дренажа со нов електронски систем за наводнување и нова тревна подлога.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО