Ристо Јанков ќе го чува голот на Брегалница Штип

Екипата на Брегалница од Штип продолжува да се засилува во пресрет на продолжението на сезоната во ПМФЛ.

По Пепи Ѓорѓиев, Михајло Маневски и Илија Донов, ново име ќе биде голманот Ристо Јанков кој се враќа од Романија.

Поранешниот младински репрезентативец, Јанков во Штип доаѓа од Поли Јаши, а претходно има играно и за Каспи Актау во Казахстан како и матичниот Работнички.

Јанков треба да биде решение за проблематичната голманска позиција каде есенва беа Кире Новаков и Мартин Давков.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО