Флорентино Перез ги започна преговорите со Мурињо

Реал Мадрид и дефинитивно тргнува по Жозе Мурињо.

Тоа го пренесваат медиумите во Шпанија, како и добро упатените инсајдери во светот на фудбалот.

Имено првиот човек на “кралевите“ веќе ги започнал преговорите со „Специјалниот“.

Тоа значи само едно. Мурињо после 13 години се враќа на „Сантијаго Бернабеу“ и дека Бенфика ќе остане без еден од најдобрите тренери во историјата, барем според многумина.

Во текот на изминатите денови, па и недели вакво нешто се шпекулираше, но Португалецот во неколку наврати демантираше и јавно кажуваше дека со него никој од Реал Мадрид нема разговарано.

Инаку Перез јавно кажа дека тој ќе го одбере новиот тренер, дека тоа мора да го стори во една ваква специфична ситуација во која се наоѓа клубот.

Останува да завршат првенствата во Шпанија и Португалија и Реал Мадрид да се пофали дека повторно за тренер ќе го има “Специјалниот“.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО