Николас Филкруг кариерата ја продолжува во Премиер лигата, како нов фудбалер на Вест хем. Германскиот напаѓач пристигна во Лондон од Борусија Дортмунд во трансфер вреден 27 милиони фунти.
Филкруг, 31-годишниот фудбалер, постигна 15 гола на 46 натпревари во првата и единствена сезона во Дортмунд, на кого му се приклучи од Вердер Бремен за 12,6 милиони фунти минатото лето.
Тој исто така постигна и два гола за Германија на ЕП 2024, каде што „панцирите“ беа елиминирани од Шпанија во четвртфиналето.
Хулен Лопетеги, новиот тренер на Вест хем, веќе го ангажира капитенот на Вулвс, Мак Килман за 40 милиони фунти, голманот Вес Фодерингам од Шефилд и бразилското крило Луис Гилјермо за 25,5 милиони фунти, од Палмеирас.