ФИФА ја проширува соработката со Саудиска Арабија

ФИФА објави партнерство со државната нафтена компанија на Саудиска Арабија, Арамко. Договорот е до 2027 година, што значи дека на Арамко му се даваат спонзорски права за Светското првенство (СП) 2026 и за женското СП следната година.

Компанијата веќе има спонзорски договори во Формула 1 (Ф1) и е партнер на Меѓународниот совет за крикет.

– Арамко има силно досие за поддршка на настани од светска класа, но исто така се фокусира и на развој на спортски иницијативи од грасрут, рече претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.

Ова партнерство значи дека кралството од Заливот продолжува да го зголемува влијанието врз спортот на глобално ниво. Извештајот објавен во ноември 2023 година покажа дека Саудиска Арабија имала 312 спонзорски договори во 21 спорт.

Саудијците се единствените кандидати за организација на СП 2034 година и од март официјално ја почна кампањата, откако Австралија се повлече од трката во октомври.

Амнести интернешнал рече дека договорот со Арамко „покренува загриженост за човековите права“ и ја повика ФИФА да склучи „обврзувачки договори со Саудиска Арабија за да ги заштити луѓето од експлоатација, дискриминација и репресија“ пред да и го додели турнирот во 2034-та .

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО