Фенербахче казнет парично поради напуштањето на Суперкупот

Фенербахче е казнет со 115.000 евра, а на Галатасарај му е доделена победата со служени 3:0, по неспортските случувања на Суперкупот на Турција во неделата.

Фенербахче во однапред испланиран протест мечот го почна со тимот до 19 години, а потоа го повлече од теренот уште во третата минута!

Клубот бараше одложување на тој меч пред вчерашното четвртфинале во Лига Европа (ЛЕ) со Олимпијакос (2:3), но барањето беше одбиено. Фенербахче не бил задоволен и од назначувањето на турски судија, односно барал странски судија, што турската федерација тоа го одбила.

Галатасарај по само една минута поведе со голот на Мауро Икарди, по што играчите на Фенербахче го напуштија теренот. Клубот соопшти дека излегле на терен „не за да победат, туку да ја бранат вистината“.

Фенербахче ја обвини Турската фудбалска федерација за нефер третман, откако двајца нивни играчи беа суспендирани на по еден натпревар поради тепачка со навивачите на Трабзонспор, кои упаднаа на теренот за време на лигашкиот натпревар на 17 март.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО