Федерер признава: Не му ја дадов почитта во мерка која Ѓоковиќ ја заслужува

Роже Федерер е познат како голем џентлмен, тој сега признава дека во минатото, не му укажал почит каква што заслужува Ѓоковиќ.

Тие долги години беа ривали на терен, но меѓусебната почит остана до крај.

– Прв пат игравме на Монте Карло 2006, а заминав од тој терен со мислата дека ова момче е добро. Јас не бев убеден до крај дека може да биде најдобар на сите времиња. Не му покажував почит колку што заслужува, поради технички маани.

– Токму кога никој не очекуваше ништо големо од него, тој се издигна на едно високо ниво и направи чуда на терените. Заедно со Новак и Рафаел одбележавме една неверојатна ера во тенисот, порача Федерер.

Федерер од 2009 до 2022 година беше рекордер по бројот на освоени титули (20), но потоа го мина прво Надал, а потоа и Ѓоковиќ, кој сега преднички со 24 трофеи.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО