Сферопулос: Партизан го има најдобриот тренер на сите времиња

Tренерот на Црвена Звезда, Јанис Сферопулос, во интервју за грчкиот „EEC Vebradio“, зборуваше за сезоната која измина и за тренерот на нивниот градски ривал.

Сферопулос оваа сезона го предводеше тимот од Белград до три титули, но не е целосно задоволен, бидејки не му се допаднале настапите на тимот во континенталното натпреварување.

– Не бевме добри во Евролигата, не ни се допадна како ја завршивме сезоната. Но начинот на кој ја освоивме АБА лигата беше задоволителен, со 3:0.

Иако има низа од осум победи над Партизан и Жељко Обрадовиќ, тој го пофали тренерот на нивните ривали.

– Не ги гледам бројките, но за мене Жељко е најдобар тренер на сите времиња, тоа го докажа со бројните титули кои ги освојуваше со различни екипи. Резултатите доволно зборуваат за него. Победите против Партизан сезонава ми значат многу, се надоврза Сферопулос.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО