Шок во НБА! Играчот на Мајами Хит, Тери Розиер, е уапсен од ФБИ во рамки на голема истрага за нелегално обложување и можна поврзаност со организиран криминал.
Според американските медиуми, Розиер бил уапсен во Орландо рано утрината, додека тимот престојувал таму по натпревар. Истражителите следеле сомнителни обложувања на натпревари во кои Розиер учествувал уште во времето кога настапуваше за Шарлот Хорнетс.
Ова апсење е дел од поширока федерална истрага во која, наводно, се вмешани повеќе играчи и лица поврзани со лигата. ФБИ се сомнева во мрежа која организирала и користела внатрешни информации за облози на НБА натпревари.
НБА веќе отвори внатрешна истрага, а доколку вината се потврди, Розиер се соочува со долга суспензија, па дури и забрана за настап во лигата.
Од клубот на Мајами Хит сè уште нема официјална реакција, но според американските медиуми, внатре во тимот владее голем шок. Розиер беше еден од најдобрите играчи на почетокот од сезоната.