Скандалот во НБА се шири: уапсен и тренерот на Портланд

Скандалот со нелегалното обложување што ја потресе НБА лигата добива нова димензија. По апсењето на кошаркарот на Мајами, Тери Розиер, федералните агенти на ФБИ го уапсија и тренерот на Портланд Трејл Блејзерс – Чонси Билапс.

Според американските медиуми, Билапс е уапсен како дел од голема федерална истрага за нелегално обложување и местење на натпревари. Истрагата опфаќа неколку играчи, агенти и лица блиски до НБА клубови.

ФБИ соопшти дека станува збор за организирана мрежа на обложувачи која користела интерни информации за да остварува огромни профити преку онлајн платформи за обложување.

Апсењето на Билапс предизвика голем шок во редовите на Портланд. Некогашниот шампион со Детроит Пистонс, кој важи за еден од најпочитуваните тренери во лигата, моментално е суспендиран од клубот до завршување на истрагата.

Во исто време, НБА отвори сопствена внатрешна истрага, најавувајќи „нула толеранција“ за сите вклучени во скандалот.

Ова е втор голем удар за НБА за краток период, откако пред неколку дена беше уапсен и Тери Розиер од Мајами. Американските медиуми најавуваат дека истрагата може да опфати уште неколку играчи и тренери, а скандалот е најголем од времето на познатиот случај со судијата Тим Донахју во 2007 година.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО