Спортскиот директор на Лацио, Анџело Фабијани, зборуваше за неуспешниот трансфер на 22-годишниот крилен фудбалер, Англичанецот, Мејсон Гринвуд.
– Сакавме да го добиеме минатата година, но сите знаете што беше проблемот со Гринвуд. Понудивме 26 милиони евра за 50 отсто од правата на играчот, но тој избра да оди по друг пат. Не nи требаат платеници кои не знаат да направат добра проценка, изјави Фабијани, директорот на римската екипа за локалните медиуми.