Ф1 го објави календарот за 2025 – Сезоната ќе започне во Мелбурн

Следната сезона во Формула 1 ќе започне во март 2025 година со Големата награда на Австралија во Мелбурн.

Формула 1 го објави календарот на натпревари со 24 трки во сезоната во која ќе го прослави 75. роденден.

Сезоната ќе започне на 16 март на Мелбурн Парк, со трката за Големата награда на Австралија. Организаторите воведоа промени во однос на оваа година, бидејќи во март 2025 година е големиот празник Рамазан, па беше одлучено тој месец да не се возат трки во Бахреин и Саудиска Арабија, како што беше случај оваа сезона.

Втората трка од шампионатот 2025 година ќе се вози во Кина на 23 март, Јапонското ГП е на 6 април, а седум дена подоцна е трката во Бахреин.

Големата награда на Саудиска Арабија е закажана за 20 април, Мајами на 4 мај, две недели подоцна Големата награда на Реџо Емилија и потоа Монако на 25 мај.

Трката во Шпанија ќе се вози на 1 јуни, во Канада на 15 јуни, а во Австрија на 29 јуни.

Големата награда на Британија е на 6 јули, Белгија на 27 јули и Големата награда на Унгарија на Хунгароринг е на 3 август, по што следи пауза во првенството.

Натпреварувањето ќе продолжи на 31 август со трка во Холандија, на 7 септември е планирана трка во Италија, а на 21 септември во Азербејџан.

Во октомври ќе се одржат три трки, на 5 октомври во Сингапур, на 19 октомври во САД и на 26 октомври во Мексико.

Големата награда на Бразил е на 9 ноември, трката во Лас Вегас е на 22 ноември, Катар е седум дена подоцна и сезоната завршува на 7 декември со Големата награда на Абу Даби.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО