Челзи има нови проблеми со повредени играчи

Челзи и понатаму има проблеми со повредите, а клубот објави дека Енцо Фернандез и Аксел Дисаси се повредени и ќе го пропуштат следниот натпревар на сините, кој е против Евертон во Премиер лигата во понеделник навечер.

Рахим Стерлинг, Роберт Санчез, Леви Колвил, Рис Џејмс, Весли Фофана, Ромео Лавиа, Кристофер Нкунку и Лесли Угочукву исто така продолжуваат да закрепнуваат од различни повреди и нема да му бидат достапни на Маурисио Покетино.

Во Челзи продолжуваат да растат тензиите, тимот е на деветтото место во Премиер лигата со 44 бода, пет помалку од шестопласираниот Манчестер Јунајтед, а лондончани исто така имаат натпревар помалку.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО