Евролига: Познати сатниците за полуфиналните дуели

Кошаркарската Евролига ги одреди сатниците за полуфиналните мечеви на завршниот фајнал-фор турнир што ќе се одржи во арената „Убер “ во Берлин.

На 24 мај, во првиот меч, од18 часот ќе се сретнат Панатинаикос и Фенербахче, а во вечерниот термин од 21 часот ќе играат Реал Мадрид и Олимпијакос.

Финалето и натпреварот за третото место ќе се играт на 26 мај, а сатниците допрва ќе бидат објавени.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО