Кина ја поддржа идејата за Олимписко примирје

Претседателот на Народна Република Кина, Си Џинпинг, застана зад иницијативата за Олимписко примирје за време на Летните олимписки игри (ЛОИ) 2024 година кои ќе се одржат во Париз, од 26 јули до 11 август.

Посетата на Кси Џинпинг на Франција е темпирана да се совпадне со 60-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Кина и Франција.

– Денешниот свет е многу турбулентен. Како постојана членка на Советот за безбедност на ОН, Кина има намера заедно со Франција, да преземе иницијатива за прекин на непријателствата за време на одржувањето на Олимписките игри, рече Си Џинпинг за време на прес-конференцијата со францускиот претседател, Емануел Макрон.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО