(ВИДЕО) НБА лига, плеј-оф: Никс со пресврт до 2:0 над Пејсерс, овации за Брансон

Кошаркарите на Њујорк никс на свој паркет ги победија Индијана Пејсерс со 130:121 во вториот натпревар од полуфиналната серија на Источната конференција и поведоа со 2:0 во серијата до четири победи.

Џејлен Брансон се врати во игра по повредата во првото полувреме за да им помогне на соиграчите да направат пресврт. Никс водеа со 24:17 кога Брансон излезе од игра, но во второто полувреме влегоа со негатива од 10 поени, 63:73.

Брансон беше бурно поздравен во распродадениот Медисон Сквер Гарден, на загревањето пред третата четвртина. Тој во второто полувреме ги одигра сите 24 минути и постигна 29 поени, плус четири асистенции, две украдени топки и еден скок. ОГ Ануноби постигна 28 поени пред да го напушти теренот во третата четвртина поради повреда на левата тетива.

Донте ДиВинченцо исто така постигна 28 поени, а дабл-дабл ефект за Никс имаа Џош Харт (19 поени, 15 скока) и Ајсеја Хартенштајн (14 поени, 12 скока).

Тајрис Халибартон постигна 34 поени и девет асистенции за Пејсерс. Оби Топин постигна 20, Ендрју Нембхард 15, Паскал Сиакам додаде 14 поени и девет скока, а Т.Џ. Меконел имаше дабл-дабл (10 поени, 12 асистенции). Третиот натпревар ќе се игра во петок навечер во Индијанаполис.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО