Ериксен: Понудите од Саудиска Арабија не ме интересираат

Играчот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Данецот Кристијан Ериксен е дециден дека нема намера да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија. Ериксен (32) тврди дека не сака ниту да разгледува понуди од клубови од оваа земја.

– Не сум добил понуди од Саудиска Арабија и се трудам да не ме бараат. Ако мојот агент добие такво нешто, му реков да не ми кажува, бидејќи не ме интересира, изјави Ериксен.

Прашан дали би се премислил во иднина, тој додаде:

– Не. Знам дека е тешко да се каже не, разговарав на оваа тема и со клубот. Разбирам дека е тешко да се каже не кога станува збор за толку многу пари, па затоа се трудам целосно да ја избегнам оваа тема и не сакам ни да знам каква е понудата, истакнува Ериксен.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО