Ерата на Арне Слот во Ливерпул почна одлично, со две победи во првите две кола.
Но сепак, еден детаљ од натпреварот против Брентфорд, малку фрли сенка на се што е добро овие две кола. Незадоволниот израз на лицето кај Александар Арнолд при излегувањето од игра.
Како и против Ипсвич во првото коло, Арне Слот и на вториот натпревар меѓу првите го извади од игра репрезентативецот на Англија. Се гледаше дека Трент не е задоволен од таа одлука на тренерот.
Но сепак, холандскиот стратег тврди дека нема никаков проблем и дека најсериозно размислува на десниот бек.
– Трент незадоволен? Верувам дека секој сака да игра, тие на клупата секако се незадоволни. Но Трент имаше згуснато лето, играше за репрезентацијата, имаше само неколку недели слободни. Тој ни е потребен не само за првите два меча, туку за цела сезона, затоа и го чуваме. Но добра работа е што имам квалитетна замена во вид на Конор Бредли, порача Слот.