Според шпанскиот весник„Марка“, Кралската шпанска фудбалска федерација (РФЕФ) покренала дисциплинска постапка против Барселона по пријава од Атлетико Мадрид.
Јорганџиите тврдат дека Барселона воспоставила контакт со аргентинскиот напаѓач надвор од дозволениот период за преговори.
Жалбата била поднесена на 30 јуни, а Федерацијата веќе официјално ја известила Барселона дека е отворена истрага.
Алварес останува главна трансфер-цел на Барселона. Претседателот Жоан Лапорта претходно потврди дека клубот испратил понуда за аргентинскиот репрезентативец, но Атлетико останува на ставот дека не сака да преговара за негова продажба.
Според „Марка“, токму поради тоа трансферот на Алварес прерасна во една од најголемите саги ова лето.