Нигериецот Виктор Осимен се уште е со нерешен статус за тоа каде ќе игра во новата сезона.
Тој веќе доби одредени богати понуди од Саудиска Арабија, но неговата желба е Европа, па затоа и мораше да ги одбие пристигнатите понуди.
Ова лето беше предодредено за разделба на Осимен и Наполи, но проблем за повеќето европски екипи е платата која ја побарува Осимен. Според информациите, од Наполи бараат 100 милиони евра за Нигериецот, а никој не сака толку да плати.
Неговиот агент РобертоКаленда, се јави и побара почит за Виктор Осимен.
– Виктор не е пакет кој може да го натоварите на брод, тој и понатаму има што да понуди во Европа. Осимен е играч на Наполи, со штотуку обновен договор на двојно задоволство. Тој испиша историја кога имаше силни понуди, па и оваа година, секогаш ја прифаќавме одлуката на клубот. Виктор е избран за играч на годината во Африка, осми беше во изборот за Златна топка и за него мора да постои почит, порача Календа.