Дибала по големата понуда од С.Арабија: Пресудниот момент за мене беше..

Паоло Дибала неодамна одби неверојатна понуда од Ал Кадси во висина од 75 милиони евра за тригодишен договор, за да остане во Рома.

Многумина сметале дека тој погрешил, но Дибала бил непоколеблив во одлуката, да остане во Рим и Европа.

– Сите прашуваат за парите, но за мене друго пресуди, семејството, сопругата, градот, тимот и желбата за враќање во репрезентацијата на Аргентина. Имам 30 години, се чувствувам добро. Знам дека многумина ме криткуваат поради повредите, но се обидувам да водам грижа за себе.

– Што се однесува до клубот од Саудиска Арабија, не знам како ја прифатија мојата одлука, но на крајот и не е важна, воопшто не ни разговарав со нив, порача аргентинскиот фудбалер.

Фудбалерите на Рома во неделата на домашен терен беа поразени од Емполи (2:1), додека во следното коло му гостуваат на Јувентус.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО