ЕП во фудбал, плеј-оф: Вечерва ќе бидат познати последните три селекции за финалниот турнир

По возбудливите плеј-оф полуфиналиња за пласман на Европското првенство (ЕП) во фудбал 2024-та во четвртокот, вечерва ќе се одиграат трите финални натпревари по кои ќе бидат познати 24-те селекции што ќе настапат на финалниот турнир летово во Германија, од 14 јуни до 14 јули.

Двојките се: Велс – Полска (20.45 часот), Украина – Исланд (20.45) и Грузија – Грција (18).

Претходно во полуфиналето, Велс ја елиминира Финска (4:1) и вечерва, дома во Кардиф, ќе игра против Полска која беше подобра од Естонија (5:1).

Украина ќе му биде домаќин на Исланд во Вроцлав, Полска, откако ја совлада БиХ на гости во Зеница (2:1). Исланд триумфира над Израел, во Будимпешта (4:1).

Грузија, која никогаш не се квалификувала на финалниот турнир на ЕП, во Тбилиси ја пречекува Грција. Во полуфиналето Грузија го победи Луксембург (2:0(, а Грција, европскиот шампион од 2004 година, го декласира Казахстан (5:0).

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО