Јуве најзаинтересиран за Фергусон, но и Наполи е „во игра“

Јувентус е главниот аспирант во борбата за ангажирање на играчот од средниот ред на Болоња, Луис Фергусон по успешната рунда преговори со претставниците на 24-годишниот Шкотланѓанец. Покрај Јувентус за него е заинтересиран и актуелниот шампион во Серија А, Наполи.

Болоња очекува да заработи најмалку 25 милиони евра за фудбалерот кој е „откритие на сезоната“ и кој на 30 натпревари во сите конкуренции, постигна шест гола и имаше пет асистенции.

Фергусон, играчот од средниот ред, во летото 2022 година, го напушти Абердин и замина во Болоња, со договор вреден три милиони фунти, 2,1 милиони фунти во „готово“ и 900.000 фунти како додатоци.

Медиумите пишуваат и дека Абердин, клубот во чии редови со голем успех настапува напаѓачот на Македонија, Бојан Миовски, вметнал клаузула во договорот според која треба да добие 15 проценти од следниот трансфер на Фергусон.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО