(ВИДЕО) Куп на Азија: Фудбалерките со раце копаат во снегот за да изведат слободен удар!

Несекојдневна сцена се случила на натпреварот од женскиот фудбалски Куп на Азија (до 20 години) во Узбекистан.

Натпреварот меѓу Австралија и Јужна Кореја се одиграл во лоши зимски услови, на мраз и на длабок снег! Организаторите на турнирот се обиделе да го исчистат снегот, но поголемиот дел од теренот сепак останал под бела покривка.

Австралиската новинарка Саманта Луис објави видео од натпреварот и испрати порака до организаторите: „Сериозно, што правите, по ѓаволите?! Објаснете како е можно ова?“

Временските услови, благо кажано, не билесоодветни за игра. Фудбалерките постојано биле принудени да копаат по снегот за да изведат слободен удар. Од оваа бизарна ситуација на крајот посреќни излегле Австралијките кои победиле со 2:1.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО