Екс сопругата на Ралф Шумахер раскажа за „предавството“ и за шокантното признание

Братот на легендарниот возач од Формула 1, Ралф Шумахер, неодамна објави дека е хомосексуалец и дека има свој нов партнер.

Но сега за медиумите прокоментира и неговиот партнер, Етијен Бускет Касањ, кој откри дека дури и сопругата на Ралф знаела претходно за нивната врска.

Ралф Шумахер кој исто така се натпреваруваше во Формула 1 пред скоро две децении, доби голема поддршка од светот на спортот откако откри дека е хомосексуалец.

Меѓутоа неговата сопруга Кора Шумахер не го делеше истото воодушевување.

– Кога сопругата на Ралф се сомневаше дека сме во врска, дојде и праша дали навистина сме во врска, јас и реков да. На почетокот откако тие се разведоа, таа делуваше среќно и нормално, но по интервјуто на Кора сум малку и разочаран.

Инаку екс сопругата на Ралф Шумахер, во разговор за Шпигел, ја сподели својата тага што Ралф со години ја држел во незнаење.

– Посакував Ралф да ми каже и да биде отворен, или на некој начин да ме вклучи во неговата одлука. Низ неговата кариера често имаше такви прашања, јас редовно ги негирав, зборувајки дека измислуваат, а кога сето тоа излезе во јавноста, јас се чувствував предадено, како да ме погоди со нож. Често се прашувам дали за нешто беше искрен Ралф кон мене, порача Кора во интервју за Шпигел.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО