ЕХФ (Европската куќа на ракометот) донесе финална одлука за „случајот Драган Начевски“. Поранешниот македонски судија, а до неодамна прв човек на Судиската организација при ЕХФ, Драган Начевски доби суспензија од две години и парична казна поради непријавување обид за местење натпревари.
Драган Начевски кој е поранешен наш судија и делегат, пред една година беше суспендиран, но откако поднесе жалба до Апелацискиот суд, целата постапка беше вратена на почеток.
Сега Европската ракометна централа повторно одреди суспензија од две години и парична казна од 5.000 евра. Целиот случај започна по пријава од данската ТВ-куќа која имаше снимка како Начевски разговора за местење натпревари со кинески бизнисмен. И покрај тоа што Драган Начевски ја одбил понудата и не учествувал во нелегални активности, сепак тој е обвинет затоа што не го пријавил случајот до ЕХФ.