БЏК Куп: Македонија ја победи Грузија, утре игра со Израел за 4 место

Македонските тенисерки дојдоа до две победи во сингл мечевите кои им донесоа триумф над Грузија во мечот за пласман од 4-6 место во рамките на Били Џин Кинг купот Втора Евроафриканска зона што се игра во Вилнус, Литванија.

Македонија ја совлада Грузија со 2:1 и утре во мечот против Изреал ќе игра за четвртото место во оваа зона. Првиот поен на Македонија и го донесе Стоилковска која со 2-1 во сетови (6:1, 2:6, 6:3) ја победи Зозија Кардава за 105 минути игра. Во вториот меч Лина Ѓорческа играше против Екатерине Горгодзе. Мечот се играше само еден сет, кој и припадна на Ѓорческа со 6:1 во гемови што значеше водство од 1-0 во сетови, но потоа откако протоивничката се повреда мораше да го предаде мечот и Македонија го доби дуелот со Грузија.

Во мечот во двојки дојде до промени бидејќи победникот беше познат, па за Македонија шанса добија Теона Андова и Ива Данева, кои загубија од Натела Џаламидзе и Оксана Калашникова со 2-0 во сетови (6:0, 6:1). Утре македонските тенисерки го играат послендиот меч против Израел што е дуел за четвртото место.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО