Каков момент: Како Ортега го „воскресна“ Пеп Гвардиола (ВИДЕО)

Синоќа Манчестер Сити можеше да си направи од готово вересија во самиот финиш од средбата.

Имено, при водство од 0:1, на Тотенхем му беше пружена неверојатна шанса да изедначи на 1:1 и да го направи Лондон, или барем дел од него, кандидат за титулата, но до тоа не дојде, поради голманот на Манчестер Сити.

Познато е дека Едерсон доби удар во глава и по наговарање на тимските доктори, Пеп Гвардиола мораше да го замени со Ортега, кој во финишот од регуларниот дел, може да се каже дека ги сочува шансите на Сити за титула.

За напнатата ситуација најдобро сведочи реакцијата на Пеп Гвардиола, кој буквално се струполи од тоа каква шанса им беше подарена на Тотенхем, но голманот Ортега успеа магично да одбрани.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО