(Видео) Реал ја освои Лигата на шампионите

Фудбалерите на реал Мадрид 15.пат во клупската историја е европски првак. Вечерва во финалето на Лигата на шампионите, на „Вембли“, Реал ја победи Борусија Дортмунд со 2:0 (0:0). Реал победи во деветтото последователно финале во Лигата на шампионите.

Титулата на Реал му ја донесоа Дани Карвахал и Винисиус Жуниор со головите во 74. и 83.минута.

 

Карло Анчелоти петти пат во кариерата, а трет пат со Реал стана европски клупски првак.

Борусија во своето трето финале не успеа да ја освои втората титула. „Милионерите“ ќе жалат за шансите во првиот дел, период во кој го надиграа противникот. Адејеми излезе сам пред Куртоа, но не успеа да направи ништо, а ударот на Филкруг заврши во стативата. Реал во првиот дел не упати удар во рамките на голот, кој го бранеше Кобел.

Во вториот дел Реал иамше две шанси, слободниот удар на Крос го одбрани Кобел, а волејот на Карвахал го скроти голманот на Борусија со помош на Мадсен.

Филкруг имаше уште една шанса, од не тлку помолна ситуација биеше до глава но Куртоа ја одби топката во поле.

По голот на Карвахал, Белингем не реализираше добра шанса, Кобел ги одбрани ударите на Крос и Камавинга, а потоа Винисиус стави точка на натпреварот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО