Два гола на Хоселу за нова победа на Реал Мадрид

Во последниот натпревар од 20-то коло во шпанското првенство, фудбалерите на Реал Мадрид го совладаа Хетафе со 2:0 на гостински терен и повторно се вратија на врвот на табелата.

Мадриѓаните поведоа против своите ривали во 14. минута, кога Хоселу погоди првпат на мечот, а истиот играч вториот пат беше прецизен во 56. минута кога и го постави конечниот резултат.

По 22 одиграни натпревари, Реал има 57 бода, два повеќе од Жирона. На третото и четвртото место се Атлетико Мадрид и Барселона, кои освоија по 47 бода.

Претстојниот викенд е закажано 23-то коло во кое в недела на „Сантијаго Бернабеу“ ќе се сретнат Реал и Атлетико. Барселона предходниот ден ќе гостува кај Алавес, додека Жирона во сабота на домашен терен го пречекува  Реал Сосиедад.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО