Заврши јануарскиот преоден рок: Клубовите штедливи, се чека летото!

Клубовите во англиската Премиер лига во јануарскиот преоден рок потрошија 715 милиони фунти помалку отколку во јануари  2023 година. Вкупните трошоци на 20-те клуба изнесуваат 100 милиони фунти, што е најмала бројка во јануари, во сезона без ковид, по 60-те милиони фунти во 2011/12 година.

Тоа е значително помалку од минатогодишните 815 милиони фунти, според податоците на фирмата за финансиски услуги „Делојт“.

На последниот ден од преодниот рок биле потрошени само 30 милиони фунти, уште еден значителен пад од 275-те милиони фунти во истиот ден пред 12 месеци.

Клубовите од Премиер лигата во јануари направија само 17 трансфери и 13 договори за заем.

И покрај релативно скромниот јануарски вкупен износ, во сезоната 2023/24 е забележано второто најголемо трошење за трансфери досега, 2,5 милијарди фунти во двата преодни рока, што се должи на рекордните трошоци лани летото.

Трошењето во преостанатите „пет големи “ лиги во Европа, во италијанската Серија А, во шпанската Ла лига, во француската Лига 1 и во германската Бундеслига, од 218 милиони во јануари 2023 година, годинава се зголеми на 388 милиони фунти

Клубовите од Лига 1 имаа најголеми бруто трошења со расходи од 162 милиони фунти, по што следат Премиер лигата (100 милиони), Серија А (85 милиони), Бундеслигата (70 милиони) и Ла лига (70 милиони фунти)

Ова е првиот јануарски „прозорец“ од 2019 година Премиер лигата да не е со најголеми трошења на глобално ниво.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО